Со голема чест и задоволство споделуваме дека Export Academy by Matrona Cons беше дел и го поддржа вебинарот на тема „Investirajte, sodelujte, rastite: vaš vodič kroz makedonsko tržište“, посветен на темата „Како до извоз во Северна Македонија“, организиран од страна на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, кој се одржа на 5 ноември 2025 година.

Целта на вебинарот беше да им обезбеди практични совети, насоки и препораки на словенечките компании кои сакаат да настапат на пазарот на Република Северна Македонија. Настанот претставуваше платформа за размена на знаење, искуства и најдобри практики во областа на извозот, инвестирањето и регионалната деловна соработка.

Тања Евросимовска, основачка на Matrona Cons и Export Academy, беше една од предавачките на вебинарот. Таа говореше на теми за настап на македонскиот пазар, при што ги сподели клучните аспекти и препораки за пристап до македонскиот пазар.

Преку овие теми, учесниците добија конкретен увид во реалните можности и предизвици со кои се соочуваат странските компании при влез на македонскиот пазар. Вебинарот овозможи вредна интеракција меѓу претставниците на бизнис заедниците од двете земји и отвори нови перспективи за идна соработка и заеднички проекти.

Export Academy by Matrona Cons со гордост продолжува да биде активен партнер во процесите на извозна едукација, поддршка и развој, со цел унапредување на конкурентноста и економската поврзаност во регионот. Веруваме дека ваквите иницијативи се клучни за градење стабилни деловни односи и создавање нови можности за раст и успех – како за словенечките, така и за македонските компании.