ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА: “КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО Р. СЛОВЕНИЈА”

Покана за еднодневна обука
КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО Р. СЛОВЕНИЈА

Практични совети за зголемување на извозот на македонските компании во Р. Словенија, ефективни стратегии, тактики и совети

Датум: 08.07.2024 (понеделник)

Локација: М6 едукативен центар

Време: 09:00 – 16:00 часот

Почитувани претприемачи и бизнис лидери,

Ви доставуваме коригирана и дополнета Покана со Агенда и Ве покануваме на ексклузивната еднодневна обука која ќе се одржи на 08.07.2024 година (понеделник), организирана од Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ, Скопје и Матрона Конс, Извозна Академија.

 

Доколку сте компанија која има деловна соработка и извоз со Република Словенија, а сакате истата да ја зголемите или имате интерес за започнување на деловна соработка и извоз кон Република Словенија, оваа обука е за вас!

АГЕНДА

09:00 – 09:20 Регистрација

09:20 – 09:25 Отворање и воведно обраќање од Војдан Јорданов, Претседател на Управен одбор на Друштво на словенечки и македонски стопанственици и извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје

09:25 – 09:30 Поздравен говор – Ѓиле Вишај, Министер советник, Амбасада на Република Словенија

09:30 – 09:50 Иницијатива за активирање на македонско-словенечки бизнис клуб во Р. Словенија, Драган Шибанц, Сениор бизнис девелопер и иолар партнер, Иолар ДОО, Р. Словенија – (онлајн приклучување)

09:50 – 10:05 Дејан Калигаро, Финансиски Консултант, Унија Консалтинг Доо Словенија

  • презентација на Union HUB, како дигитален центар за купување и продавање оперативни компании во Словенија (и во земјите од поранешна Југославија)
  • презентација на други услуги на Union Smart Accounting Словенија, која со своите услуги ги покрива сите видови консалтинг потребни за влез на странски инвеститори во словенечкото деловно опкружување; и тоа: деловен совет, даночен консалтинг, финансиски совети, правен совет, ИТ корисничка поддршка, сметководствени услуги

10:20 – 10:40 Ружица Симовска и Тамара Младеновиќ, РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје

  • Обврски на македонските правни и физички лица при основање на подружница или фирма ќерка во Р. Словенија

10:40 – 11:10 Транспорт и шпедиција Виатор & Вектор ДОО Скопје – Александар Спасовски

11:10– 11:40 Пауза за кафе

11:40 – 12:50 Зошто и како да се извезува во Словенија?

  • Поглед од перспективата на прехранбената индустрија, Љупчо Велески, директор на Сектор Извоз Витаминка

12:50 – 13:10 Словенечко – македонска деловна соработка, перспектива од Љубљана – Билјана Андонова, Mакедонија Tрејд

13:10 – 14:10 Пауза за ручек

14:10 – 14:40 Осигурување на извозни побарувања – Никола Николовски – Сава Осигурување АД Скопје и Здравко Трпковски – Триглав Осигурување АД Скопје

14:40 – 15:30 Успешни приказни, Љупчо Велески (модератор)

Дане Јованов, сопственик и ЦЕО на „Wine Estate Дане Хермес“

Валентин Илиевски, Сениор потпретседател за југо-источна Европа на „Messer Group“

15:30 – 16:00 Интерактивна дискусија, прашања, затворање на обуката

ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО: 3.500 МКД + ДДВ

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА: За пријавени две или повеќе лица од иста компанија следува 20% попуст

Бидете дел од оваа ексклузивна обука и направете го првиот чекор кон вашиот успех во Словенија!

Резервирајте го датумот 08.07.2024 година и бидете дел од овој настан.

Се радуваме на вашето присуство и активно учество.

Со почит,

Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ, Скопје

Матрона Конс, Извозна Академија

 

Лица за контакт:

1. Ива Поповиќ, email: direktor@dsms.mk, тел. 070 369 853 од Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ, Скопје

2. Елена Алчева Еминовиќ, email: coordinator@dsms.mk , тел. 070 366 926 од Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ, Скопје

3. Марија Зафировска, email: info@matronacons.com, тел. 072 285 500, Матрона Конс, Извозна Академија

Event co-financed and supported by

Аплицирај

Newsletter