Програмата на конференцијата опфати институционални презентации за достапната поддршка за извоз, панел-дискусии и споделување реални искуства од успешни извозници. Посебен фокус беше ставен на практичните аспекти на извозот, од подготовка и истражување на странски пазари, улогата на економската дипломатија и поддршката од амбасадите, до успешен настап на меѓународни саеми.
Посебна благодарност упатуваме до претставниците на македонските извозно ориентирани компании кои преку своите успешни приказни, научени лекции, предизвици и добри практики несебично го споделија своето искуство и знаење, придонесувајќи кон квалитетот и вредноста на Првата конференција за поттикнување на извозот.
Конференцијата заврши со интерактивна Q&A сесија и networking, при што беа поставени основи за нови соработки, размена на знаења и понатамошна поддршка на компаниите кои сакаат да направат чекор кон интернационализација и освојување нови пазари.
Горди сме што го поставивме темелот на заедница која заеднички придонесува кон создавање посилен, поконкурентен и поодржлив извозен сектор. Со уште поголема мотивација продолжуваме понатаму.