Меѓународно финансиско управување

Прва акредитирана програма од Министерството за образование

Дводневна обука – Меѓународно финансиско управување – во рамки на Академијата за извоз

Како една промена на девизниот курс, доцнење на плаќање или неправилно планирање на паричните текови може значително да влијае врз резултатите на компанијата?

Успехот на меѓународните пазари не зависи само од склучувањето нови договори и освојувањето нови клиенти. Подеднакво важно е компаниите да знаат како да управуваат со финансиските ризици, да ги планираат своите финансиски активности и да носат информирани одлуки во динамично глобално деловно опкружување.

Со правилен пристап кон меѓународното финансиско управување, компаниите можат подобро да ги контролираат ризиците, да ја зајакнат финансиската стабилност и да создадат основа за одржлив раст на странските пазари.

Аплицирајте денес и стекнете знаења кои ќе ви помогнат со сигурност да носите финансиски одлуки во меѓународното работење!

🏛️ Организатори: Export Academy

📅 Почеток: есен 2026

⏳ Времетраење: 2 дена

💻 Физички и Онлајн

👨‍🏫 Предавач: Проф. д-р Весна Георгиева Свртинов и Драган Пехчевски, MBA

💶 Цена: 200 ЕУР + ДДВ

Бројот на учесници е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го резервирате Вашето место!

Клучни информации за програмата:

Наставна метода: Наставата е интерактивна и базирана на реални бизнис примери, студии на случај, практична работа, дискусија и размена на искуства со компании што работат на меѓународните пазари.

Што добивате:

  • вмрежување со компании од различни индустрии
  • посета на извозно ориентирана компанија
  • гости предавачи и практични искуства од домашни и странски експерти
  • размена на искуства со извозно ориентирани професионалци
  • практична работа и изработка на case study
  • сертификат од Академија за Извоз

Зошто е важна оваа обука?

Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите да:

  • ги разберат основите на меѓународното финансиско управување
  • ги препознаат и управуваат финансиските ризици поврзани со извозот и меѓународното работење
  • донесуваат подобри финансиски одлуки во услови на глобална неизвесност
  • ги разберат ефектите од девизните курсеви, условите на плаќање и финансиското планирање
  • ја подобрат финансиската подготвеност за раст и проширување на странските пазари

Изградете сигурна финансиска основа за меѓународниот развој на вашиот бизнис! Контактирајте не за повеќе информации и уписи!