Договорот беше потпишан од страна на вонр. проф. д-р Sanja Adjaip‑Velichkovski, декан на Факултетот за хуманистички и општествени науки при IBU, и Tanja Evrosimovska, генерален менаџер на Matrona Consulting. На настанот присуствуваше и доц. д-р Ceneta Telak Durmishi од IBU Career Center.
Преку ова партнерство, имаме за цел да развиваме заеднички иницијативи, настани и едукативни програми кои ќе придонесат за унапредување на знаењата, компетенциите и практичните вештини на студентите, претприемачите, малите и средни компании и професионалците.
Со поврзување на академското знаење со практичното бизнис искуство, Export Academy by Matrona продолжува да создава можности за размена на знаење, професионален развој и поддршка на компаниите и поединците во нивниот настап на регионалните и глобалните пазари.