Февруари – Mарт 2026

Академијата за извоз ја продолжи својата промотивна турнеја, со настани во Битола и во Виница, посветени на претставувањето на програмата „Комерцијалист за меѓународна продажба“. За разлика од претходните настани во Скопје, овој пат фокусот беше ставен на локалните бизнис заедници, со цел извозните знаења и практичните вештини за меѓународна продажба да станат подостапни и надвор од главниот град.

Промоцијата во Битола се одржа на 28 февруари 2026 година, во сончева саботна атмосфера. На настанот, говорници беа Тања Евросимовска и Љупчо Велески, кои со учесниците отворија дискусија на неколку значајни теми поврзани со извозот. Фокус на разговорот беа предизвиците со кои секојдневно се соочуваат извозно ориентираните компании, а говорниците и присутните разменија и конкретни, практични искуства од работата со странски пазари. Во текот на настанот беше презентирана и самата програма „Комерцијалист за меѓународна продажба“, чија цел е зајакнување на извозните капацитети и поттикнување на интернационализацијата на домашните компании. Атмосферата во Битола беше опишана како продуктивна и инспиративна, а учесниците покажаа активна вклученост во дискусијата.

Втората промоција се одржа на 10 март 2026 година во Виница, во просториите на Прогресив Академија, дел од Макпрогрес. Говорничка на настанот беше Тања Евросимовска, а во дискусијата учествуваше и сопственикот на Макпрогрес, г-дин Глигор Цветанов, кој со своето екстензивно искуство во бизнис секторот, значително придонесе кон разговорот. За разлика од Битола, во Виница акцентот беше ставен на инвестицијата во човечките ресурси како клучен фактор за развој на конкурентни компании на странските пазари. Присутните разговараа и за потребата на зајакнување на извозните капацитети и поттикнување на интернационализација на домашните компании. Притоа, отворајќи дискусија на теми поврзани со предизвиците со кои се соочуваат домашните компании при извозот и разменувајќи практични искуства од
секојдневното работење. И овој настан помина во динамична и позитивна атмосфера, со висока вклученост на присутните во дискусијата.

Двете промоции покажаа дека интересот за извозот и за унапредување на извозните вештини не е ограничен само на Скопје, туку постои и во помалите градови, каде компаниите често се соочуваат со слични предизвици при излегувањето на странските пазари. Учеството на претставници од локалниот бизнис, дополнително ја потврди потребата од директен дијалог помеѓу компаниите и институциите што нудат поддршка во процесот на интернационализација.