Меѓународен маркетинг

Прва акредитирана програма од Министерството за образование

Tридневната обука – Меѓународен маркетинг – во рамки на Академијата за извоз

Како некои компании успеваат да привлечат интернационални клиенти, да изградат силен бренд и да се издвојат на странски пазари,  додека други остануваат незабележани?

Одговорот најчесто не е само во производот, туку во начинот на кој компанијата комуницира, се позиционира и ја раскажува својата приказна пред глобалниот пазар.

Со правилен меѓународен маркетинг пристап, компаниите успеваат да ја зголемат својата видливост, да изградат доверба кај странските партнери и да создадат конкурентска предност што отвора нови можности за извоз и раст.

Аплицирајте денес и отворете нови можности за раст на вашиот бизнис!

🏛️ Организатори: Export Academy

📅 Почеток: 3 јуни 2026

⏳ Времетраење: 3 дена

💻 Физички и Онлајн 

👨‍🏫 Предавач: Јадранка Накова и Лолита Цимеркова 

💶 Цена: 200 ЕУР + ДДВ

Бројот на учесници е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го резервирате Вашето место!

Клучни информации за програмата:

Наставна метода: Наставата е интерактивна и базирана на реални бизнис примери, студии на случај, практична работа, дискусија и размена на искуства со компании што работат на странски пазари. 

Што добивате:

  • вмрежување со компании од различни индустрии
  • посета на извозно ориентирана компанија
  • гости предавачи и практични искуства од домашни и странски експерти
  • размена на искуства со извозно ориентирани професионалци
  • практична работа и изработка на case study
  • сертификат од Академија за Извоз 

Зошто е важна оваа обука?

Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите да:

  • разберат како функционира меѓународниот маркетинг и неговото влијание врз извозот
  • изградат поефективен маркетинг настап на меѓународно ниво
  • ги унапредат своите комуникациски и позиционирачки стратегии
  • ги разберат културните разлики и однесувањето на потрошувачите на странски пазари
  • креираат основен меѓународен маркетинг пристап за својата компанија 

Почнете го вашиот пат кон глобалниот успех!
Не ја пропуштајте можноста да станете дел од оваа обука.
Подобрете ги вашите вештини, научете од најдобрите и придонесете за успехот на вашата компанија на меѓународните пазари.
Контактирајте не за повеќе информации и уписи!