Меѓународно трговско право и регулативи

Прва акредитирана програма од Министерството за образование

Дводневна обука – Меѓународно трговско право и регулативи – во рамки на Академијата за извоз

Зошто производ кој се продава на еден пазар, бара дополнителни сертификати, дозволи или документација за пристап на друг? Како една пропуштена регулаторна обврска, неусогласен договор или не доволно познавање на локалните правила може да доведе до доцнење на испораките, дополнителни трошоци или изгубени деловни можности?

Со правилно разбирање на меѓународното трговско право и регулативите, компаниите можат да ги намалат ризиците, да обезбедат усогласеност со законските барања и сигурно да ги реализираат своите извозни активности.

Аплицирајте денес и стекнете знаења кои ќе ви помогнат поуспешно да се движите низ комплексното меѓународно деловно опкружување!

🏛️ Организатори: Export Academy

📅 Почеток: есен 2026

⏳ Времетраење: 2 дена

💻 Физички и Онлајн

👨‍🏫 Предавач: д-р Орде Ѓорѓиоски

💶 Цена: 200 ЕУР + ДДВ

Бројот на учесници е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го резервирате Вашето место!

Клучни информации за програмата:

Наставна метода: Наставата е интерактивна и базирана на реални бизнис примери, студии на случај, практична работа, дискусија и размена на искуства со компании што работат на меѓународните пазари.

Што добивате:

  • вмрежување со компании од различни индустрии
  • посета на извозно ориентирана компанија
  • гости предавачи и практични искуства од домашни и странски експерти
  • размена на искуства со извозно ориентирани професионалци
  • практична работа и изработка на case study
  • сертификат од Академија за Извоз

Зошто е важна оваа обука?

Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите да:

  • ги разберат основите на меѓународното трговско право и регулативите
  • ги препознаат правните и регулаторните барања поврзани со извозот и меѓународното работење
  • ги намалат ризиците поврзани со договори, документација и усогласеност со прописи
  • се запознаат со клучните трговски правила и процедури во меѓународната размена
  • донесат поинформирани одлуки при настап на странски пазари

Почнете го вашиот пат кон глобалниот успех! Подобрете ги вашите вештини, научете од најдобрите и придонесете за успехот на вашата компанија на меѓународните пазари. Контактирајте не за повеќе информации и уписи!