Export Academy
Водечки тренинг и консалтинг центар за извоз, кој ќе Ви помогне да успеете на глобалниот пазар!
Направете вашата компанија да биде победник во натпреварот на глобалниот пазар со успешни извозни активности.
Дали сте подготвени да го проширите глобалното присуство на Вашата компанија и да ја зголемите базата на клиенти?
За нас
Export Academy е институција за истражување, едукација и консалтинг во областа на интернационализација на работењето, чија што програма за едукација е официјално верифицирана од страна на Министерството за образование и наука на Р.С.Македонија и Центарот за образование на возрасните. Export Academy е посветена во поддршката на компании и поединци во процесот на интернационализација на работењето, во дефинирање на извозни стратегии, идентификација на целни пазари, дефинирање на модели на извоз, разбирање на правнатата регулатива и надминување на предизвиците поврзани со глобалната експанзија.
Преку процесот не едукација со посредство на верифицираната програма и консалтинг, ја зголемуваме меѓународната конкурентност на компаниите и професионалците.
Консалтинг
Export Academy е водечки центар за истражување и консалтинг за интернационализација, кој ги спојува најдобрите практики и теоретски модели за успешно освојување на глобалните пазари. Со длабоко познавање на извозните процеси, странските пазари и трговските регулативи, му помагаме на Вашиот бизнис да се позиционира на меѓународната сцена.
Вести
Академијата за извоз дел од Бизнис форумот „Локален бизнис – глобални пазари“ во Битола
27 април 2026, Битола Во Битола се одржа 5-от Бизнис форум, во организација на Ротари клубот „Битола Широк Сокак“ и Регионалната комора Битола, на тема „Локален бизнис - глобални пазари: можности за извоз и економска соработка“. На настанот присуствуваа претставници...
Одржани промоции на Академијата за извоз во Битола и во Виница
Февруари - Mарт 2026 Академијата за извоз ја продолжи својата промотивна турнеја, со настани во Битола и во Виница, посветени на претставувањето на програмата „Комерцијалист за меѓународна продажба“. За разлика од претходните настани во Скопје, овој пат фокусот беше...
Одржана тркалезна маса за промоција на Академијата за извоз и перспективите на македонскиот извоз во 2026 година
19 февруари 2026, Скопје На 19 февруари 2026 година, во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа тркалезна маса посветена на промоцијата на Академијата за извоз „Комерцијалист за меѓународна продажба“, како и на актуелните состојби, предизвиците и перспективите на...
Препораки

















