Глобални извори и логистика
Прва акредитирана програма од Министерството за образование
Дводневна обука – Глобални извори и логистика – во рамки на Академијата за извоз
Зошто два производи со ист квалитет и цена можат да имаат сосема различен успех на меѓународните пазари? Зошто некои компании успеваат навреме да ги исполнат нарачките и да ги контролираат трошоците, додека други се соочуваат со доцнења, дополнителни трошоци и прекини во синџирот на снабдување?
Успешното работење на меѓународните пазари не зависи само од тоа што продавате, туку и од тоа колку сигурно, брзо и економично можете да го доставите до вашиот клиент. Од изборот на добавувачи до испораката на крајниот производ, секоја одлука во синџирот на снабдување влијае врз ефикасноста, трошоците и конкурентноста на компанијата.
Со правилен пристап кон глобалните извори и логистиката, компаниите успеваат да ги намалат ризиците, да ги оптимизираат трошоците и да обезбедат сигурен и ефикасен проток на производи до своите клиенти ширум светот.
Аплицирајте денес и стекнете знаења кои ќе ви помогнат поуспешно да управувате со глобалните синџири на снабдување!
🏛️ Организатори: Export Academy
📅 Почеток: есен 2026
⏳ Времетраење: 2 дена
💻 Физички и Онлајн
👨🏫 Предавач: д-р Вера Бошковска
💶 Цена: 200 ЕУР + ДДВ
Бројот на учесници е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го резервирате Вашето место!
Клучни информации за програмата:
Наставна метода: Наставата е интерактивна и базирана на реални бизнис примери, студии на случај, практична работа, дискусија и размена на искуства со компании работат со меѓународни набавки, логистика и синџири на снабдување.
Што добивате:
- вмрежување со компании од различни индустрии
- посета на извозно ориентирана компанија
- гости предавачи и практични искуства од домашни и странски експерти
- размена на искуства со извозно ориентирани професионалци
- практична работа и изработка на case study
- сертификат од Академија за Извоз
Зошто е важна оваа обука?
Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите да:
- ги разберат принципите на глобалните извори и меѓународните набавки
- научат како да избираат, оценуваат и управуваат со добавувачи на меѓународно ниво
- ги оптимизираат логистичките процеси и транспортните решенија
- ги намалат ризиците и трошоците во синџирот на снабдување
- донесуваат поефикасни одлуки поврзани со увозот, извозот и глобалното движење на стоки
Почнете го вашиот пат кон глобалниот
Почнете го вашиот пат кон глобалниот успех! Подобрете ги вашите вештини, научете од најдобрите и придонесете за успехот на вашата компанија на меѓународните пазари. Контактирајте не за повеќе информации и уписи!
