ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛНА ЕКОНОМСКА КРИЗА – ОПАСНОСТИ, ПРЕДИЗВИЦИ, РЕШЕНИЈА

ОБУКА

ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛНА ЕКОНОМСКА КРИЗА – ОПАСНОСТИ, ПРЕДИЗВИЦИ, РЕШЕНИЈА

  • Организатори: Export Academy by Matrona Consulting
  • Датум на одржување: 14.10.2022
  • Место на одржување: Лазар Винарија
  • Котизација: 7.450 мкд + ДДВ
  • Бројот за учество е ограничен.
  • Навремено резервирајте го своето место за учество на обуката, најдоцна до 10.10.2022г.
  • Сите учесници на обуката ќе добијат сертификат за учество.

Export Academy by Matrona Consulting е професионална и научна организација во Северна Македонија која се занимава со извоз и интернационализација на македонските компании, користејќи ги во пракса потврдените професионални искуства на врвни експерти, научни истражувања, вмрежувања и соработка со авторитетни индустрии од странство.

Зошто токму оваа обука/работилница

Една голема светска криза предизвикана од Ковид 19 беше заменета со уште поголема политичка и економска криза ”мајка на сите кризи” предизвикана од војната во Украина. Сето тоа доведе до драматични, негативни макро и микро импликации манифестирани со: санкции, недостаток на енергенси, инфлација, екстремен раст на цени, пад на куповна моќ, прекинати канали на снабдување, масовни миграции и слично, кои што сите заедно целосно го еродираат познатиот економски (но и општествен) амбиент и прават скоро невидена дисторзија на глобалните синџири на снабдување.

  • Како се однесува глобалната FMCG индустрија во ова неповолно време?
  • Како се снаоѓаат македонските прехранбени компании во своите меѓународни деловни активности во ваков екстремно тежок економски момент?
  • Како да се адаптираат, што да променат за да опстанат и/или успеат во извозните операции?

Ова се само дел од прашањата на кои оваа едукативна обука/работилница ќе даде одговори.

Што опфаќа обуката/работилницата

Врвни професионални експерти во областа на извозот и поддршка на извозот ќе дадат свои анализи, мислења, но и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности во актуелниот миг. Ќе слушнете за новите трендови во FMCG индустријата во светло на глобалната економска криза, на кои ризици и опасности се изложени македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности, како да се адаптираат, што да менуваат и каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња. 

За кого е наменета обуката/работилницата

Врвни професионални експерти во областа на извозот и поддршка на извозот ќе дадат свои анализи, мислења, но и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности во актуелниот миг. Ќе слушнете за новите трендови во FMCG индустријата во светло на глобалната економска криза, на кои ризици и опасности се изложени македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности, како да се адаптираат, што да менуваат и каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња. 

Говорници на обуката/работилницата ќе бидат

  1. Љупчо Велески, директор за извоз на Витаминка
  2. Кристијан Балески и Дарко Заев, извозен сектор на МАМАС брендот
  3. Тања Евросимовска, основачка на Export Academy и МАТРОНА Консалтинг
  4. Дарко Стефановски, Македонска банка за поддршка на развојот
  5. Едвард Софески, Член на Управен Одбор, Стопанска Комора на Мал Бизнис
  6. Столевска Костадинова Маја, ЕБРД
  7. Ленче Николовска, директорка на Агротим

Контакт информации за пријавување учество на практичната обука

Име и презиме: Нина Георгиева  

Тел. 070 342 500

e-mail. exportacademy@matronacons.com   

Име и презиме: Марија Зафировска

Тел. 072 285 500

e-mail. info@matronacons.com 

 

Matrona Cons е консултантска компанија која работи на интернационализација на бизнисот, развој на стратешки компании и извозни образовни програми на МСП во регионот на SEE/Балкански регион (www.matronacons.com и www.exportacademy.io) со канцеларии во Скопје, Белград и Љубљана. Matronа Cons е ексклузивен застапник за неколку водечки брендови како RGX – глобален извозен експерт, меѓународна компанија за бизнис консултантски услуги со присуство во повеќе од 60 земји (www.rgxonline.com) и ExportAkademie Baden-Württemberg од Германија (www.eabw.org/en/) организација за обуки и консултации со фокус на зелените технологии и дигитализација повеќе од 35 години.

АГЕНДА ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА/РАБОТИЛНИЦА

Датум на одржување: 14.10.2022

Место на одржување: Винарија Лазар, Археолошки Локалитет Стоби Градско, Велес

 09:00 – 09:30 Регистрација на учесници

 09:30 – 11:30 Др. Љупчо Велески, директор на Сектор Извоз – Витаминка

Најновите трендови и очекувања во глобалната прехранбена индустрија во светло на глобалната криза и нивното влијание врз македонските прехранбени компании. Како да се излезе какo победник!

  • Од една криза во друга. Каква цена ќе платиме?
  • Глобалната FMCG индустрија зема здив, се прилагодува, но не запира.
  • Клучните предизвици на македонските МСП од прехранбената индустрија во услови на “The mother of all crisis”.
  • Имаме ли решенија за успех?

 11:30 – 12:00 Кристијан Балески и Дарко Заев, извозен сектор на МАМАС 

МАМАС бренд – интернационален извоз во 45 земји

  • Must have list за извоз
  • Логистички предизвици во време на кризи
  • Практични примери за успешни соработки
  • Ценовна политика и стратегија во услови на дивеење на цените

     12:00 – 12:30 закуска и кафе пауза

     12:30 – 13:00Дарко Стефановски, Македонска банка за поддршка на развојот

    • Осигурување на извозни побарувања
    • Извозен факторинг
    • Банкарски гаранции
    • Можности за кредити во земјоделството

      13:00 – 13:30 Тања Евросимовска, основачка на Export Academy и МАТРОНА Консалтинг

    Извозни стратегии на МСП и најбитни фактори за успех на меѓународните пазари Што е потребно за една компанија да подготви пред да започне со извоз

    • Истражување на пазарот
    • Истражување на дистрибутери/импортери/купувачи и B2B средби
    • Истражување на културата и навиките на потрошувачите во земјите од интерес

     13:30 – 14:00 Едвард Софески, Член на Управен Одбор, Стопанска Комора на Мал Бизнис Twin Green & Digital Transition

    • Нова нормалност, Глобализација, Глокализација
    • Енергијата во новата нормалност – Чиста енергетска транзиција
    • ESCO модел на финансирање енергетска ефикасност
    • Зелена општествена одговорност – Зелено сертифицирање и брендирање

     14:30 – 14:45 Столевска Костадинова Маја, ЕБРД, онлајн обраќање (TBC)

    Можности за поддршка на МСП со консултантки услуги и пристап до финансии

      14:45 – 15:15 Ленче Николовска, директорка на Агротим

    • Можности за модернизација на агросекторот преку искористување на средствата од ИПАРД програмата и други фондови и грантови од државата
    • Договорно производство – најдобро решение за сигурна суровина за домашните преработувачи и повисок степен на финализација на производите за поголем профит
    • Аплицирање за кофинасирани грантови на јавни повици од Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР)

      15:15 – 16:00 Практични прашања, одговори и отворена дискусија

    • Проблеми со кои се соочуваат компаниите во моменталната ситуација, предизвикана од глобалната криза
    • Промена на цените (пореметувањата во сите фази во синџирот на снабдување: раст на цени на суровини, транспорт, енергенси, раст на продажни цени, недостиг на работна снага, преструктуирање на малопродажбата, доаѓањето на Лидл кај нас и во блиските пазари, приближувањето кон ЕУ и сл.
    • Детекција на проблеми и можни решенија за влез и опстанок на даден странски пазар

      16:00 – 17:00 Ручек

    Контакт информации за пријавување учество на практичната обука

    Име и презиме: Нина Георгиева

    Тел. 070 342 500

    e-mail. exportacademy@matronacons.com

    Име и презиме: Марија Зафировска

    Тел. 072 285 500

    e-mail. info@matronacons.com

    Аплицирај

    10 + 13 =

    Newsletter