Интеркултурен менаџмент и човечки ресурси

Прва акредитирана програма од Министерството за образование

Обука – Интеркултурен менаџмент и човечки ресурси – во рамки на Академијата за извоз

Она што се смета за професионално однесување во една држава, во друга може да биде доживеано како непристојно. Во некои земји директната комуникација се цени како знак на ефикасност и искреност, додека во други може да се сфати како премногу агресивна.

Начинот на кој преговарате, давате повратна информација или водите тим може да биде клучната разлика помеѓу успешна соработка и пропуштена деловна можност.

Токму затоа интеркултурниот менаџмент и човечките ресурси стануваат една од најважните вештини за компаниите кои работат или сакаат да работат на меѓународните пазари.

Аплицирајте денес и отворете нови можности за раст на вашиот бизнис!

🏛️ Организатори: Export Academy

📅 Почеток: есен 2026

⏳ Времетраење: 1 ден

💻 Физички и Онлајн

👨‍🏫 Предавач: Тања Евросимовска, MBA

💶 Цена: 200 ЕУР + ДДВ

Бројот на учесници е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го резервирате Вашето место!

Клучни информации за програмата:

Наставна метода: Наставата е интерактивна и базирана на реални бизнис примери, студии на случај, практична работа, дискусија и размена на искуства со компании што работат на странски пазари.

Што добивате:

  • вмрежување со компании од различни индустрии
  • посета на извозно ориентирана компанија
  • гости предавачи и практични искуства од домашни и странски експерти
  • размена на искуства со извозно ориентирани професионалци
  • практична работа и изработка на case study
  • сертификат од Академија за Извоз

Зошто е важна оваа обука?

Оваа обука е дизајнирана да им помогне на компаниите да:

  • ги разберат културните разлики и нивното влијание врз деловната комуникација
  • изградат поефективни и инклузивни тимови во мултикултурна средина
  • ги унапредат практиките за управување со човечки ресурси во меѓународен контекст
  • развијат вештини за успешно лидерство и соработка со интернационални партнери и вработени
  • создадат стратегии за привлекување, развој и задржување на таленти во глобално деловно опкружување

Почнете го вашиот пат кон глобалниот успех! Подобрете ги вашите вештини, научете од најдобрите и придонесете за успехот на вашата компанија на меѓународните пазари. Контактирајте не за повеќе информации и уписи!