Export Academy by Matrona Consulting на 29.11.2023 организираше обука во Гевгелија на тема:
КАКО ДO ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ – „Трендови за зголемување на подготвеноста за извоз на извозно ориентирани претпријатија во преработувачката индустрија“.

Цели и содржина на обуката

Обуката беше наменета за производствени компании кои сакаат да започнат со извоз или кои веќе извезуваат, но сакаат да го зголемат својот извоз.

Експерти од областа на меѓународната трговија споделија мислења и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од преработувачката индустрија при нивните меѓународни активности. Се дискутираше за новите трендови, ризиците и опасностите на глобалниот пазар, како и за начините на кои компаниите можат да се прилагодат и да ја искористат својата шанса во овие предизвикувачки времиња.

Учесниците добија практични и едукативни информации, вклучувајќи, успешно планирање на извоз, најдобри практики за логистика и дистрибуција во производствената индустрија, значењето на е-трговијата и стратегијата за извоз, стандардите како неопходна алатка за подобрување на извозот, определување на цената на производот во странство, клучни фактори за успех на меѓународните пазари, успешна подготовка за меѓународни саеми. Им се заблагодаруваме на присутните за нивното учество и за пофалбите за настанот што ги споделија со нас.

Предавачите на обуката беа: Сашо Ристески – Македонска Асоцијација на Преработувачи, Љупчо Велески – Витаминка, Михајло Еврoсимовски – Evrosimovski Consulting, Владимир Петковски – Економски институт УКИМ Скопје и Тања Евросимовска – Matrona Consulting

Посебна благодарност до Марта Наумовска Грнарова – Zavar Company и Zavar Design, Александар Ацковски – Винарска визба Тиквеш и Бојан Јовановски – Комфи Ангел, кои несебично ги споделија своите стратегии за настап на странските пазари во рамките на панел-дискусијата за успешни приказни.

Посебна благодарност до градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ја отвори обуката и ја нарече економски форум поради големиот број учесници, од кои дел ги изложија своите производи, како и до Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија за поддршката и учеството во обуката.

Осигурување Триглав и ПроКредит Банка беа дел од обуката, споделувајќи информации за осигурување на побарувањата од извоз и можностите за извозните компании да ги користат нивните услуги.

…

Export Academy by Matrona Consulting е професионална и научна организација во Северна Македонија која се занимава со извозот и интернационализацијата на македонските компании, применувајќи во пракса потврдени професионални искуства од врвни експерти, научни истражувања, вмрежување и соработка со релевантни индустрии од странство.