Во време кога работните услови се менуваат поради COVID-19, а извозот останува еден од клучните фактори за успех и развој на компаниите, особено на ограничени пазари како нашиот, Matrona Cons со задоволство ја најавува соработката помеѓу Matrona Consulting и Export-Akademie Baden-Württemberg.

Export-Akademie со своето искуство значително придонесува за проширување на меѓународното знаење на компаниите. Основана во 1984 година од владата на Baden-Württemberg, академијата се наоѓа во Tübingen, Германија. Со тим од 10 високо квалификувани експерти, академијата спроведува образовни, консултантски и истражувачки активности во полето на менаџментот и технологијата. Од 2008 година функционира како приватна компанија, со посебен фокус на развој и имплементација на проектно-интегрирани хибридни модели за обука на специјалисти и раководители (www.eabw.org).

Теми обработени на семинарот:

✅ Типични предизвици при работењето со германски компании
✅ Рамка за меѓународен бизнис развој и стратегии за зголемување на успехот на меѓународниот пазар
✅ Пишана деловна комуникација со германски компании и практични решенија за воспоставување контакти со германски претприемачи преку е-пошта

Овие теми беа презентирани од експерти од Export-Akademie Baden-Württemberg, а главен говорник беше Bertram Lohmüller  – генерален директор на Export-Akademie Baden-Württemberg, GiMA Consulting и SGIT Steinbeis Global Institute Tübingen | Steinbeis-Hochschule Berlin.

Проф. Lohmüller е градежен инженер по образование, со специјализација во меѓународен маркетинг и докторат за клучните двигатели на иновациите во германската производна индустрија. Како консултант, има обучено повеќе од 2000 топ-менаџери од целиот свет и е специјализиран за корпоративна стратегија, трансфер на технологии, менаџмент на иновации и меѓународно споредбено оценување (benchmarking).

Во рамки на веб-семинарот, д-р Љупчо Велески, директор на Секторот за извоз во ВИТАМИНКА, ги сподели своите практични искуства за успешно пласирање на FMCG производи на германскиот пазар.

📌 Семинарот се одржа на 12 мај 2021 година, организиран од Matrona Cons во соработка со Export-Akademie Baden-Württemberg.