ЗА НАС
ЗА НАС
Export Academy
Export Academy е водечки центар за истражување, тренинг и консалтинг за интернационализација на работењето на деловните субјекти, каде што експертите ги спојуваат најдобрите практики и теоретски модели за успешно излегување на компаниите на глобалниот пазар. Благодарение на нашето длабинско познавање на процесите на управување со извозното работење, познавањето на странските пазари и трговските регулативи, му помагаме на Вашиот бизнис да се претстави и инсталира на меѓународната сцена, да ја создаде и прошири својата база на клиенти и секако да ги зголеми приходите, но и да го подигне вкупното ниво на своето работење.
Со долгогодишно искуство и соработка со водечки компании ширум светот, Ви помагаме да го одберете најефикасниот модел за Ваше интернационализирање и да ја позиционирате Вашата компанија на оптимално ниво на меѓународните пазари.
Како доверлив партнер, Export Academy ги поддржува компаниите и поединците во процесот на интернационализација. Ве водиме низ стратегиите за глобален раст, Ви помагаме да ги идентификувате вистинските пазари и успешно да се справите со предизвиците на експанзијата, глобалните операции и регулативите.
Нашиот пристап кон едукацијата и консултантските услуги за извоз е насочен кон унапредување на меѓународните перформанси на компаниите и професионалците, овозможувајќи им сигурен и стабилен раст на глобалниот пазар.
Export Academy by Matrona Consulting и нуди на вашата компанија две решенија:
- Акредитирана академија за извоз – Комерцијалист за меѓународна продажба
Преку нашата високо специјализирана и меѓународно призната Извозна Академија, чија програма за едукација е акредитирана од Министерството за образование и Центарот за образование на возрасни, ќе имате можност да стекнете вештини кои ќе Ви помогнат во глобалното профилирање на Вашата компанија, да го зголемите Вашиот пазарен удел и да го диверзифицирате Вашиот продажен потенцијал. Академијата се состои од 7 модули, кои ќе Ве подготват Вас и Вашиот тим за успешно остварување на Вашите извозни цели.
За повеќе информации за академијата и деталите за секој модул, кликнете овде.
- Консултации за извоз
Нашите консултанти за извоз и трговија, благодарение на своето обемно меѓународно искуство, се тука да ја водат Вашата организација или компанија низ целиот процес на извоз. Почнуваме со детална анализа на Вашиот бизнис и цели, а завршуваме со развој на извозна стратегија која ќе ги поддржи Вашите деловни амбиции.
Ги разбираме бариерите со кои се соочуваат многу компании при започнувањето на извозните активности и затоа Ве водиме чекор по чекор, отстранувајќи ги пречките и овозможувајќи Ви сигурен и успешен извоз.
- Нашите консултантски услуги се дизајнирани да го забрзаат растот на Вашите продажби на странските пазари, да го минимизираат ризикот и да ви обезбедат:
– Комплетна стратегија за успешно започнување и имплементација на Вашите деловни планови
– Детално истражување на пазарите пред детерминирање на моделот на влез на пазарот
– Информации за субвенциите и програми што земјите ги нудат за поддршка на МСП при проширување на нови пазари
– Важни упатства за најновите регулативи на Вашиот избран пазар, за да осигурате усогласеност на Вашата компанија со локалните барања
– Пристап до опширна мрежа на консултанти и потенцијални продажни партнери и даватели на услуги, стекната преку долгогодишно искуство и изградена мрежа, што ќе Ви заштеди време и пари
– Управување со ризици преку финансирање на извозот, размена на валута и осигурување на кредити
За повеќе информации или ако сакате да разговарате за тоа како нашите консултантски услуги може да го помогнат Вашиот бизнис, контактирајте не денес!
МИСИЈА
Нашата мисија е да ги поврземе луѓето и компаниите ширум светот и да изградиме посветен тим на експерти со богато практично и теоретско искуство кои ќе Ве поддржат и обучуваат во секој чекор од развојот на Вашата организација. Наша примарна цел е да обезбедиме додадена вредност што ќе доведе до извонредни перформанси и иновативни решенија за Вашата компанија.
Ниту една компанија не е премала или преголема за да започне со извоз. Затоа Ви нудиме персонализирани решенија кои ќе Ви помогнат да изберете најсоодветниот пристап што најдобро одговара на потребите на Вашата организација.
ВИЗИЈА
Нашата визија е да ја реализираме амбицијата на Вашата компанија за глобална експанзија. Ова го постигнуваме преку одржување лидерство во креирањето обуки што се засновани на резултати, обезбедување иновативни решенија, како и индивидуално дизајнирани консултантски услуги. На тој начин, им овозможуваме на нашите клиенти да го прошират својот дофат, да ги постигнат своите деловни цели и да ги реализираат своите стратегии за продажба и маркетинг.
ВРЕДНОСТИ
Вредностите кои ја водат нашата организација и кои ги применуваме во нашата соработка со клиентите и вработените, се засновани на доверба, посветеност, интегритет, ентузијазам, упорност и професионализам. Овие вредности се основа на која почива успехот на нашата компанија.
Ние веруваме дека природата на нашиот бизнис бара глобален пристап, почнувајќи и завршувајќи со почитување на сите култури, обичаи и традиции што ќе ги сретнеме во нашата работа. Луѓето и врските се тие што го поттикнуваат успехот – тоа е сржта на нашиот бизнис и начинот на кој го гледаме нашиот развој и напредок во иднина.
Дали сте подготвени да го проширите глобалното присуство на Вашата компанија и да ја зголемите Вашата база на клиенти?
Тања Евросимовска – основач, Export Academy
Тања Евросимовска добар дел од својот живот посвети на водење успешни меѓународни бизниси. Таа има повеќе од 20 години искуство во меѓународен бизнис менаџмент, специјализирана за деловна стратегија, истражување на пазарот и пазари во развој. Тања Евросимовска има МБА и ќе докторира по менаџмент меѓународен бизнис.
Таа наиде на бројни пречки кои се јавуваат во оваа индустрија и успешно ги надмина, носејќи значајни меѓународни успехи за компаниите што ги водела.
„Ова е причината зошто ја започнавме Export Academy by Matrona Consulting. Наша цел е да им овозможиме на компаниите да изберат најсоодветен пат – дали ќе ги изберат нашите обуки или консултантски услуги – на крајот да им помогнеме да успеат. Нивниот успех е и наш успех.“
Во мала пазарна економија, меѓународната трговија е клучна како за земјите, така и за компаниите. Земјите имаат корист од зголемувањето на БДП, приливот на капитал и растот на вработеноста, додека компаниите уживаат во поголема продажба, зголемена стабилност и продуктивност, како и подобрена конкурентност и иновации.
Процесот на интернационализација е сложен и бара различни вештини и експертиза. Образованието и обуката за меѓународен бизнис се клучни за успехот на странските пазари. Претприемачите, менаџерите и вработените треба да имаат експертиза во меѓународни финансиски трансакции, склучување договори, маркетинг, истражување на странски пазари, пронаоѓање нови клиенти, преговори, меѓукултурен менаџмент, транспорт и логистика.
Овие услуги ги нуди Export Academy by Matrona Consulting. Нашата компанија е изградена околу основните вредности – луѓето и врските го поттикнуваат успехот. Тоа е во срцето на нашиот бизнис и начинот на кој го гледаме нашиот развој и напредок во иднина, како и Вашиот.
Препораки





