Комерцијалист за меѓународна продажба
Прва акредитирана програма од Министерството за образование
Комерцијалист за меѓународна продажба
Дали сте подготвени да го освојувате глобалниот пазар?
Нашата специјализирана програма за обука „Комерцијалист за меѓународна продажба“ е креирана за да ве подготви за предизвиците на меѓународната трговија. Програмата е акредитирана од Министерството за образование и претставува уникатна можност за стекнување знаења и вештини неопходни за успех на глобалните пазари.
🏛️ Организатори: Export Academy
📅 Почеток: Април 2026
⏳ Времетраење: 5 месеци (теоретска и практична настава)
💻 Физички и Онлајн / Број на модули: 7
📑 Време на студирање/активност: 58 часа теоретска настава + 100 часа практична работа
👨🏫 Наставна метода: Предавање, дискусија и студија на случај
Клучни информации за програмата:
- Времетраење: Вкупно 158 часа (58 часа теоретска настава + 100 часа практична работа).
- Целна група: Лица со завршено четиригодишно средно образование – претприемачи, вработени во продажни или извозни сектори, како и студенти на факултети како економија, маркетинг, право, царина и шпедиција.
- Сертификација: По успешно завршување, учесниците добиваат акредитиран сертификат, меѓународно признат, издаден од Министерството за образование.
Зошто е важна оваа обука?
Компаниите од помали пазари, како македонскиот, се соочуваат со предизвици во проширувањето на своите деловни активности надвор од домашните граници. Интернационализацијата бара високо обучени професионалци кои можат да:
- Идентификуваат и таргетираат странски пазари.
- Организираат логистички операции и синџири на снабдување.
- Развиваат маркетинг кампањи приспособени на странските култури.
- Познаваат законските регулативи и деловните обичаи во целните пазари.
Оваа програма ви овозможува да станете дел од најважните структури во меѓународната трговија и да дадете придонес во проширувањето на компаниите на глобално ниво.
Што нуди програмата?
- Поврзаност на теоријата и праксата: Теоретските модели се пренесуваат преку практични примери од докажани експерти.
- Мултидисциплинарен пристап: Програмата ги опфаќа сите клучни области – комерција, финансии, маркетинг, логистика, право, па дури и технички аспекти.
- Интерактивно учење: Секој учесник активно учествува преку дискусии, прашања и анализа на студии на случај.
- Индивидуален пристап: Се прилагодува на специфичните потреби и претходно знаење на учесниците.
Структура на програмата
Програмата се состои од 7 модули кои ги покриваат сите аспекти на меѓународната продажба:
| Модул | Теоретски часови | Практични часови |
| Меѓународен бизнис менаџмент | 12 | 24 |
| Меѓународна продажба | 12 | 24 |
| Меѓународен маркетинг | 12 | 24 |
| Интеркултурен менаџмент и човечки ресурси | 4 | 8 |
| Глобални извори и логистика | 6 | 10 |
| Меѓународно финансиско управување | 6 | 10 |
| Меѓународно трговско право и регулативи | 6 | 10 |
| Вкупно | 58 | 100 |
Почнете го вашиот пат кон глобалниот успех!
Не ја пропуштајте можноста да станете дел од оваа ексклузивна програма. Подобрете ги вашите вештини, научете од најдобрите и придонесете за успехот на вашата компанија на меѓународните пазари.
Контактирајте не за повеќе информации и уписи!
Запознај ги предавачите:

Д-р Крум Ефремов
Прочитај повеќе
Д-р Крум Ефремов е амбасадор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и од јуни 2023 година е директор на Одделот за економска и јавна дипломатија. Од март 2019 до март 2023 година беше вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Украина. Учествувал во пристапувањето на Македонија кон Светската трговска организација и бил главен преговарач за Договорот за измена и пристапување кон ЦЕФТА 2006. Бил претседател на Советот за заштита на потрошувачите (2004–2009) и последен претседател на Работната група за трговија на Пактот за стабилност. Национален е координатор на Македонија во процесот 1+14 со Кина. Од јануари 2009 година беше директор за економска дипломатија во МНР, а исто така доцент на Американ колеџ Скопје до јуни 2025 година.

Др. Љупчо Велески
Прочитај повеќе
Др. Љупчо Велески повеќе од 25 години практично и теоретски се занимава со феноменот на интернационализацијата на компаниите.
Автор е на две книги за интернационализација: “Како да успеете во светот на глобалната малородажба„ и “Интернационализација на МСП од прехранбената индустрија„ (објавена во Германија на повеќе јазици), како и “Основен водич за извоз„ за потребите на Хрватската обртничка комора.
Редовен говорник е на тренинг сесии и конференции во земјата и странство. Креатор е на првата акредитирана програма за извозни менаџери. Директор е на Секторот извоз во Витаминка.

Јадранка Накова
Прочитај повеќе
Искусен стратег за бренд маркетинг и ПР со над 25 години меѓународно работно искуство во различни индустрии. Водела маркетинг и ПР оддели во мултинационално окружување за автомобилски, вински и софтверски брендови, креирајќи и имплементирајќи иновативни бренд-стратегии за најконкурентните светски пазари. Специјализирана е за управување со маркетинг, корпоративни комуникации, развој на бренд, дигитален маркетинг, B2B маркетинг, интегрирани маркетинг стратегии, е-трговија и развој на бизнис, со позитивен пристап и иновативен дух.

Проф. д-р Вера Бошковска
Прочитај повеќе
Менаџер за продажба во DSV Road и универзитетски професор на Универзитет Скопје – Економски факултет. Експерт е во областа на маркетинг, продажба, транспорт и логистика, со над 25 години работно искуство во продажба, маркетинг, логистика и управување со проекти. Доцент е на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и предава предмети како Современа продажба, Маркетинг истражување, Стратегии на пазарно комуницирање и Проектен менаџмент.

Весна Георгиева Свртинов
Прочитај повеќе
Весна Георгиева Свртинов е редовен професор на катедрата Меѓународна економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Продекан за меѓународна соработка и наука. Со долгогодишно академско и практично искуство, таа е ангажирана во наставата, истражувањето и спроведувањето на обуки во областа на меѓународните финансии, но и финансиската анализа и корпоративното управување.
Поседува меѓународни сертификати за Data Science од Corporate Finance Institute (CFI) и од Универзитетот Утрехт, Холандија, а нејзината експертиза вклучува обработка и анализа на финансиски податоци, предвидувачко моделирање и употреба на современи аналитички алатки како Python, Excel, EViews и SPSS.
Во текот на својата кариера, одржала бројни обуки за финансиска анализа и примена на Data Science во финансии, помагајќи им на професионалци и студенти да стекнат напредни аналитички вештини и практични знаења.

Доц. д-р Орде Ѓорѓиоски
Прочитај повеќе
Доц. д-р Орде Ѓорѓиоски е вработен во Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп како Директор на правни и општи работи, со повеќе од 15 години работни искуство на правни работи и менаџмент. Има докторирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на деловно право, а вториот докторат го има одбрането на Економскиот факултет во Прилеп во областа на менаџментот. Доцент е на Правниот факултет при МСУ и предава предмети од областа на деловното право. Автор е на две книги и повеќе од 20 научни и стручни трудови.

Тања Евросимовска
Прочитај повеќе
Тања Евросимовска има повеќе од 25 години практично искуство во меѓународен бизнис и стратешки менаџмент со менаџирање и развој на неколку компании.
Дипломирала на American College of Thessaloniki, Грција, во одделот бизнис администрација менаџмент со просек 3.9/4, магистрирала на City College, University of Sheffield, оддел Финансии, и е доктор кандидат по менаџмент на меѓународен бизнис на University of Sunshine Coast, Австралија.
Својата професионална кариера ја започна во Солун како меѓународен координатор на Papapostolou Healthcare Technologies, каде што работеше на успешна интернационализација на компанијата во балканскиот регион.
Тања Евросимовска е содружник во Би-МЕК ДОО, Скопје, како и основач на Матрона Конс и Експорт академија со канцеларии во Скопје, Белград и Љубљана.
Секогаш е активна во општествено одговорни проекти на бизнис заедницата, членка на повеќе стопански комори и здруженија, членка на светската академија за меѓународен бизнис, еден од основачите на невладината организација Матрона Интл. Во текот на нејзината кариера била гостин-предавач на повеќе универзитети, како и предавач на бизнис форуми и конференции во различни земји. Во текот на својот професионален развој има експертиза за организирање мали и средни претпријатија, влез и позиционирање на пазарот, развој и интернационализација на бизнисот, преговарање, управување со кризи.

Драган Пехчевски
Прочитај повеќе
Драган Пехчевски, Реномиран финансиски експерт со долгогодишно искуство на сениор позиции во банкарскиот сектор, финансиски консултант, Претседател на Групација за Проекти и Претседател на УО на ССКМ. Исклучително образование и врвни бизнис школи од областа на меѓународни финансии, меѓународни односи и менаџмент.

Лолита Цимеркова, MBA
Прочитај повеќе
Лолита Цимеркова, MBA – Консултант и ментор за стратегиски маркетинг
Mаркетинг професионалец со над 15 години искуство во B2B и B2C маркетинг на домашни и меѓународни пазари. Докторант е во областа на бизнис администрација и работи како ментор и консултант за стратешки маркетинг, со фокус на аналитичко моделирање, стратешко позиционирање и дизајнирање на интегрирани маркетинг стратегии во комплексна деловна средина.
Повеќе информации за модулите:
Меѓународен бизнис менаџмент
Разбирањето на меѓународниот бизнис и управувањето со активностите за интернационализација е од суштинско значење за професионалците во денешниот високо глобализиран свет. Овој модул ќе им обезбеди на учесниците знаења, вештини и способности да ја разберат глобалната економска, политичка, културна и социјална средина во која работат фирмите. Ќе ги испита стратегиите и структурите на меѓународниот бизнис и ќе ги процени посебните улоги на различните функции на меѓународниот бизнис. Овој модул ќе ги подготви учесниците за огромен спектар на деловни улоги во глобален контекст, без разлика дали се заинтересирани за претприемништво, менаџери за извоз, корпоративна стратегија, глобални иновации, консултантски услуги за мултинационален менаџмент. Исто така, ќе ги подготви учесниците да формулираат и извршуваат стратегии, планови и тактики. меѓународните деловни потфати.
Меѓународна продажба
Овој модул опфаќа: развој на меѓународни вештини за лична продажба, истражување на пазарот во контекст на планирање на меѓународна продажба, анализа на податоци за меѓународни истражувања, изум и развој на меѓународна USP на компанијата, анализа на конкурентите, избор на начини на влез, избор и развој на меѓународни канали за продажба , организација на меѓународните продажни сили, развој на адекватна меѓународна продажна политика. Дополнително, други теми што ќе бидат вклучени се: стратегија за бренд наспроти приватна етикета, разбирање на улогата на крос-културна димензија, дизајнирање и цена на брендови за привлечност до различни сегменти на меѓународниот пазар, развој и управување со извозниот сектор, координација на меѓусекторските операции на компанијата, техника на извоз, сертификација и документи, планирање и управување со меѓународна промотивна кампања и рекламирање, техника на преговарање со мултинационални компании, меѓународни трговски услови (Incoterms).
Меѓународен маркетинг
Без разлика дали активно барате можности за извоз на странски пазари или само го чувствувате притисокот на глобалните влијанија на домашниот пазар, меѓународната маркетинг стратегија има силно влијание за сите нас, насекаде. Меѓународниот маркетинг во процес на интернационализација има клучна мисија да ја објасни разликата помеѓу глобалниот и домашниот пазар, да научи за кроскултурните предизвици во меѓународните операции, да ни помогне во процесот на сегментација на пазарот, таргетирана позиција, меѓународно брендирање, креирање меѓународна маркетинг стратегија, идентификување на потенцијалите на странските пазари, истражување на пазарот во странство, стратегиска и тактичка промотивна техника, планирање и адаптација на производи и развој на нов производ. Дополнително, ќе биде опфатена и комуникацијата со професионалци и потрошувачи и создавање имиџ и углед. Овој модул ќе даде одговор за тоа како генерално да ги пласирате вашите производи/услуги за успешно да се натпреварувате на глобалниот пазар.
Интеркултурен менаџмент/Меѓународен човечки ресурси
Во денешното глобализирано опкружување, императив е да се разбере што се случува кога луѓето со различно културно потекло ќе се сретнат едни со други и ќе работат заедно. Ова ќе има одлучувачко влијание врз успехот на бизнисот. Тоа е од суштинско значење за големи мултинационални компании или стартапи, за сопственици или менаџери. Основната цел на модулот е да даде длабоко разбирање на крос-културниот менаџмент. Учесниците ќе бидат опремени со знаења и алатки што им се потребни за да водат и да комуницираат низ културите. Овој модул продолжува да го истражува управувањето со човечките ресурси и работните односи во контекст на сложената интернационализација на бизнисот. Ангажирањето и мотивирањето на вработените од глобалниот пазар е клучниот фактор за успех во времето на пораст на активностите на мултинационалните корпорации и странските директни инвестиции. Модулот, исто така, се занимава со преговори преку националните граници, кои се исто така многу важни.
Глобални извори за набавка и логистика
Во актуелната криза, многу компании уште еднаш ја видоа големата важност на добро функционалниот меѓународен систем за извори и логистика. Ќе бидат допрени факторите кои треба да се земат предвид за евалуација на ин- и/или аутсорсинг. Учесниците ќе се занимаваат со прашања од глобалните извори и ќе го продлабочат своето знаење во логистичките системи и процеси. Ќе се разговара за типови на логистика, меѓународни транспортни правци, планирање на логистички процеси. Друг клучен аспект што треба да се земе предвид е од кои компоненти се состојат транспортните трошоци и како тие можат да се пресметаат. Во овој модул ќе биде опфатена и следната интегрална поттема, мрежи на даватели на логистички услуги.
Меѓународно трговско право и регулативи
Трговијата, ангажирањето работна сила, инвестициите и финансиите ги надминуваат националните граници и се регулирани со комплексен спој на транснационални закони и прописи. Тоа имплицира дека професионалците за извоз треба да бидат вооружени со богато разбирање за тоа како законот и бизнисот функционираат на глобално ниво. Меѓународни комерцијални договори, меѓународно право за интелектуална сопственост, право за вработување, меѓународно банкарство, осигурување и финансиско право, меѓународна трговија и трговско право, се сите делови на овој модул
Меѓународен финансиски менаџмент
Овој модул ги третира видовите на извозно финансирање, карактеристиките на финансирањето пред и по испораката, начините на плаќање, улогата на комерцијалните банки во финансирањето на извозот, мерењето и управувањето со девизниот ризик, облиците на обезбедување наплата на странски побарувања, финансиските ризици. Затоа, модулот ќе даде длабок вовед во меѓународните финансии и ќе вклучи теми како што се: девизниот пазар: валути, девизни курсеви, паритет; меѓународни пазари на капитал и обврзници; каматни стапки и монетарни политики и деривати: фјучерси, опции и свопови.
Аплицирај